Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за реформа во гимназиското образование.
Целата нацрт-концепција е направена со цел ниту еден наставник да не остане без работа, напротив, тие ќе бидат повеќе ангажирани за нашите ученици на ПИСА тестирањата да одат барем две скалила погоре, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Даниела Николова од СДСМ, која обвини дека целата концепција се прави без јавна дебата и дали ќе преземе одговорност за, како што кажа, „уништување на критичката мисла во образованието“.