Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денеска е во дводневна работна посета на Загреб, соопшти партиската прес-служба.
Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП). -Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите.