Економската комисија на ВМРО-Народна партија направи длабока анализа и притоа констатира дека во послендната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали, соопштија од ВМРО-Народна. A1on
Ова се истакнува во „длабоката анализа“ на партијата на бившиот премиер Љубчо Георгиевски, соопштението го објавуваме во целост: Така на пример само за настап во дискотека на група или пејач поединец од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра.
Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи, со што на тој начин македонскиот потрошувач не само што ќе заштеди лично повеќе средства туку и ќе и помогне на македонската музика, а и на македонската економија во целина. Denesen
ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и општ бојкот на концертите на пејачите и групите од поранешна Југославија, сметајќи дека така ќе ѝ се помогне на македонската музика. Plusinfo