Поттикнат сум од очигледната намера на Судот, со објавувањето на пресудата, на јавноста да ѝ докаже дека вие сте постапиле исправно, одлучувајќи на 20-годишниот Јованов да не му определите затворска казна, туку, повикувајќи се на Законот за правда на децата, сте го упатиле во воспитно-поправен дом (најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години). Дека сте направиле фатална и непростлива грешка, сведочи трагичниот настан од 29 јануари, кога јурејќи со своето возило по улицата Партизанска во Скопје, со брзина од 130 километри на час, на пешачкиот премин кај „Силбо“, Јованов ја прегази и ја усмрти студентката Фросина Кулакова од Неготино. Plusinfo