Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека штаб на СДСМ бил сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога.
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судијката што го спасила возачот-убиец од затвор, сместила штаб на СДСМ во куќата на татко ѝ. „Судијката Даниела Алексовска-Стојановска, која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце“, вели пратеникот Лефков.