Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Nezavisen
Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години, стои во Фејсбук-објавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за којашто соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Civilmedia
На барањето што е поднесено до собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, потпишани се пратениците Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Мерита Колчи Кочаџику од „Вреди“.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски минатата недела најави дека најверојатно в петок во Собранието ќе се одржи јавна дискусија на која би се разгледувале можностите за законски измени околку заострувањето на казнената политика во сообраќајот. A1on