Да ја чувавме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех… Еднаш земени пари од владата, при денешните политички услови и атмосфера, значи додаден ангажман, значи обврзување… А и моралниот удар внатре сред населението ќе биде страшен: луѓето ќе одвикнат сами да ги задоволуваат своите потреби, сѐ ќе чекаат помош однадвор, ќе ја загубат својата самоувереност – а тоа води кон загубување на самостојноста и независноста на Организацијата… Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа помош создадената состојба на работите внатре: таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални повластици… Повторувам, ударот ќе биде страшен!