Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
29
34.40
30.06
6.60/3.07
29.00
11.86
0.41
2172.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 29
26 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 949.4
Best clustering variants
26 0.99/0.01 3 949.4
Press24

Според најавите, на средбата Муртезани-Кос ќе се разговара за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, за Реформската агенда во рамки на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, како и за следните чекори во преговарачкиот процес на земјава.

Покрај со Кос, Муртезани ќе се сретне и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман, како и со членови на Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ. Вчера, на првиот ден од работната посета на Брисел, Муртезани имаше средба со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас, на која стана збор за актуелните предизвици во регионот и поширокото опкружување, за зајакнувањето на институционалната соработка и за спроведувањето на европската агенда од страна на земјава. Press24

22:12 h 05-Feb-2025
  • Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која во фокусот на разговорот биле реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.
  • ◉ Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ
14:29 h
  • Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел.
  • Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
17:07 h 04-Feb-2025
  • Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS). На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата.
  • Муртезани на средба со Мати Масикас: Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција
14:48 h
  • Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Северна Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава.
  • Средби на Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на земјава
14:13 h
  • Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Македонија.
  • МЕП Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин
07:12 h
  • Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари низа средби со високи претставници на Европската Унија, Европскиот парламент и Европскиот економски и социјален комитет, информираат од Министерството.
  • Министерот Муртезани во посета на Брисел