Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во штипско Ново Село присуствуваше на одбележувањето на 153 години од раѓањето на Гоце Делчев во зградата каде што учителствувал големиот македонски револуционер, а сега е седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД). Претседателката Силјановска Давкова истакна дека нема посоодветно место за одбележување на раѓањето на македонскиот апостол Гоце Делчев од црквата „Свети Спас“ и од зградата каде што тој учителствувал.
Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, информираат од нејзиниот кабинет.