Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт?
Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога.
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судијката што го спасила возачот-убиец од затвор, сместила штаб на СДСМ во куќата на татко ѝ. „Судијката Даниела Алексовска-Стојановска, која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце“, вели пратеникот Лефков.