Како што соопштија од ЗЕЛС, во согласност со новиот Меморандум за соработка потпишан меѓу Владата на РСМ и ЗЕЛС (август, 2024 година) ќе се дискутира за натамошниот развојот на фискалната децентрализација во нашата земја, за можностите за јакнење на финансиската стабилност на општините и за потребата од ревидирање на методологиите за распределба на блок дотациите што централната власт им ги префрла на општините за спроведување на одредени надлежности, меѓу кои за: образованието, за градинките, за противпожарната заштита и друго. Netpress