Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). -Знаете, основа е економската ситуација.
Стерјовски истакна дека присуството на претставниците на политичките партии од власта и од опозицијата во Корча е јасен показател дека грижата за Македонците во Албанија е национален интерес кој ги надминува партиските разлики.
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствен автентичен политички глас на Македонците во Албанија, денеска организира состанок во Корча, со претставници на македонските парламентарните партии, ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, на Демократски сојуз, а најавено е и присуство и на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и на Левица, Димитар Апасиев.