„Појаснувам дека не се работи за назначување вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје. Plusinfo
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Civilmedia
Советот на јавните обвинители ќе одговори во законскиот рок од 15 дена откако ќе го добие , премиерот денеска не сака да ги коментира аргументите на Коцевски му порача сам да се повлече.
Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Telma
Владата на денешната седница го задолжи министерството за правда да покрене активности за отпочнување на постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Telma
Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одлуката на Владата за негово разрешување. Press24
До Советот на јавни обвинители досега не е доставен предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски – изјави претседателката на Советот, Душица Димитриеска, по вчерашната одлука со која Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител. Nezavisen
Така што, мислам дека тој имаше доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега владата почнува еден процес, а Парламентот ќе го заврши – изјави премиерот Мицкоски.
Мицкоски додаде дека чесно би било Коцевски самиот да се повлече од функцијата, за да се скрати периодот за избор на нов јавен обвинител. Plusinfo
На седницата одржана на 10 февруари, беше посочено дека вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи не може да раководи со Вишото јавно обвинителството со оглед на тоа дека против него се води кривична постапка, по што по предлог на Коцевски едногласно беше избрана Крстевска Цалева за шефица на Вишото јавно обвинителство додека трае оддалечувањето на Хајрулахи.
Како што претходно изјави портпаролката на Владата Марија Митева, одлуката за разрешување на Коцевски е донесена поради Индексот на транспарентност за кој рече дека можело детално да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во Обвинителството и судството, како и поради последното именување на Наташа Крстевска Цалева за шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Novamakedonija
Владата на денешната седница го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на државниот јавен обинител Љупчо Коцевски. Denesen
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски. Denesen
Вака суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ја прокоментира последната одлука на Советот за јавни обвинители, кој одлучи друг обвинител да ја преземе неговата функција, иако за тоа нема никаков законски основ.
Како што е познато, вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители ја прелеа чашата на незадоволството на Владата од обвинителот Коцевски и таа денеска одлучила Министерството за правда да поведе активности за негово разрешување. Denesen