Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју дадено за МИА од Атина, каде беше во дводневна посета на јужниот сосед и каде се сретна со тамошната заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападополу и со потпретседателот на гршкото Собрание и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис, посочувајќи дека добрососедските односи се заеднички приоритет.
Одговорно тврдам дека немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, истакна министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по завршувањето на неговата дводневна посета на Грција, нагласувајќи дека добрососедските односи се заеднички приоритет и имаат потенцијал да се зајакнат и продлабочат.