Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на прес-конференција во Владата кажа дека објавен е вториот јавен повик на кој општините може да аплицираат за добивање на финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти.
Може да аплицираат сите општини за добивање на финансиски средства до 15 милијарди денари за проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието. Skopjeinfo