Формирање на посебно тело кое ќе функционира по системот он стоп шоп и кое ќе ги има сите податоци за измените на законите во земјата, подобрување на исплатата на државната помош, олеснување на постапките за странските работници како и брза реакција на случувањата во Европа за да се задржат странските инвеститори во земјата се главните барања на странските инвеститори кои произлегуваат од анкетата за 2024 година која беше презентирана денеска во Стопанската комора.
Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија” и потпретседател на Стопанската комора, човек кој своето знаење и искуство стекнато во странство сака да го пренесе во својата држава, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб” со Бранко Азески зборува за задачата на Комората да создаде, изгради, да обучи, развие и да промовира 100 нови лидери, млади, стручни, образовани, емпатични, кои, како што вели, ќе бидат движечката сила на Комората, на нејзините членки, но и на државата, на македонската економија и на општеството.