Премиерот Христијна Мицкоски рече дека на денешната владина седница ќе предложи една мерка во однос на високите цени на основните прехранбени производи, а тоа е сите големи маркети да ги објават јавно цените на своите производи.
Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, ќе предложи денес премиерот Христијан Мицкоски на седница на Владата, на која ќе одлучуваат за воведување мерки за намалување на цените.
Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите.
Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ во соопштение.