Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава за да стане член на НАТО, го промени името.
Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова. Novamakedonija
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција. Press24
Во петокот премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ. Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочил дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на Минхенската безбедносна конференција, вчера оствари средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев. Civilmedia
Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции.
Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани, објави Тошковски на Фејсбук. Denesen
Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21. век, но, во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 година и е меѓународно кодификуван од 1977 година.
Тогаш, за што зборуваме? Plusinfo