Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција.
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.
Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста, биле тема на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, во рамки на работниот престој во Минхен, Германија.