Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер не ги коментира последните случува во правосудството поврзани со иницијативата на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет, но вели дека САД многу одблизу ги следат овие процеси и она што сакаат да го видат е дека се почитува законот.
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владниниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до Собранието за петминаат членови на Судскиот совет, кој се избрани од закондавниот дом и нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите процеси се почитува законот.