Остварив средба со Фредерик Кемпе во Вашингтон, претседател и извршен директор на Атлантскиот совет, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски се пожали во Вашингтон дека Македонија на одреден начин е измамена затоа што не биле остварени ветувањата што ги даваа високи функционери на ЕУ пред промената на името и за влегувањето во НАТО и Унијата.
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека како нација сме претрпеле премногу понижувања, и сме прифатиле лоши договори во име на повисоки цели за евроатланските интеграции, а земјава се уште не е ниту на почетокот на патот за члетвство во ЕУ. Сега, вели тој, од нас се бараат повторно уставни измени, но, тоа сепак не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.