Предвидено говори да имаат и словачкиот премиер Роберт Фицо, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Претедателот на македонската Влада, Мицкоски, кој во Вашингтон е придружуван од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, синоќа имал средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар за Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, на која станало збор состојбата во државата, за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план, како и за реформската посветеност на Владата и фокусот на клучните области. Libertas
Станало збор и за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.
На средбата заеднички е потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог и зацврстување на билатералните односи помеѓу двете земји, преку засилена комуникација и институционална соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку продлабочена соработка и партнерство во рамки на НАТО алијансата. Press24
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. – На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.
Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, објави Мицкоски на Фејсбук. Libertas
Конференцијата за конзервативна политичка акција, ја води американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, а на сесиите се предвидени дискусии на теми за криптовалутите, мирот на Блискиoт Исток, како и панел со роднини на лица кои се држат како заложници во Газа.
Покрај претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон, на агендата на настанот денеска се и поранешната британска премиерка Лиз Трас и политичкиот директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан. 360stepeni
Мицкоски на Фејсбук објави видео од организаторот на конференцијата со кое се најавува неговото.
На тридневниот состанок на конзервативците, како што објави Гласот на Америка, ќе се обратат американскиот претседател Доналд Трамп и политичари од Аргентина, Велика Британија, Полска и Италија. Press24
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. – На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Libertas
Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција. Novamakedonija