Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија, информираат од Владата.
Ако ние испорачуваме, тогаш очекуваме и другите да испорачаат, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на настанот во Атлантскиот совет во Вашингтон, одржано вчера.
На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка.
„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.