ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не се потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Ова го кажа членот на ДКСК, Сервет Демири на 15 седница на која се расправаше и за овој случај и побара да се достави препорака за доуредување на упатството на собранието кое ги регулира службените патувања со одредби по примерот на Кодексот на Владата за етичко однесување. Press24
Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско, потребни се измени во правилникот за покривање на трошици за патување во странство.
ДКСК донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи не се потврдени и утврдени повреди на одредби од законот за спречување на корупција и судир на интереси. Kanal5
Комисијата утврди дека актуелното Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина и недореченост.
Пријавата која ДКСК ја разгледуваше се однесува на покривање на трошоци за патување реализирано во период од 8 јули до 11 јули 2024 година на парламентарниот самит на НАТО во Вашингтон (САД). Членот на ДКСК, Сервет Демири посочи дека со пријавата биле доставени патни сметки без да биде наведено на кое лице се однесуваат. Plusinfo
Анализата покажа дека трошоците се покриени од буџетот на собранието и дека постоела програма за брачните партнери и дека тоа е вообичаено при вакви настани – рече Демири.
Според него, за носителите на оваа функција треба да се применуваат истите стандарди како и за ПВРСМ (премиерот) како носители на највисока функција на извршната власт кои се содржани во донесениот Кодекс за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавните функции именувани од страна на владата донесен на седницата на 22.09.2020 година. Civilmedia
Тој потврди дека од Собранието на РСМ е доставена документација (покана, решение за патување, финансиска конструкција за патувањето, копија од дипломатска патна исправа и соодветна виза) кои биле разгледани.
Утврдено е дека сопругата на претседателот патувала во странство, како дел од делегацијата, врз основа на решение донесено од секретарот на собранието. Plusinfo
Во него предвидено е, и дозволено со државни средства да бидат покриени трошоците за брачниот другар/другарка кога патуваат како дел од официјална делегација.
Во таа насока, ДКСК препорачува Собранието да поведе инцијатива за дополнување на споменатото упатство и да се предвиди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи, по примерот на кодексот на владата. Plusinfo
Утврдено е дека сопругата на претседателот патувала во странство, како дел од делегацијата, врз основа на решение донесено од секретарот на собранието.
Анализата покажа дека трошоците се покриени од буџетот на собранието и дека постоела програма за брачните партнери и дека тоа е вообичаено при вакви настани – рече Демири на 15-та седница на ДКСК во образложување на предметот. Plusinfo
По постапката е утврдено дека постојниот акт Упатство за реализирање на службени патувања во странство, содржи правна празнина односно недореченост.
Препорката на ДКСК до Собранието на РСМ е да се покрене иницијатива за дополнување и треба да се одреди изрична одредба за регулирање на ваквите случаи по примерот на Членот 19 став 4 од Кодексот за етичко однесување на членовите на владата и носители на јавни функции кој дозволува покривање на трошоците за брачниот другар на ПВРСМ при службено патување. Plusinfo
Со оваа измена ќе се постигне правна усогласеност и јасност во постапувањето и ќе се спречи различно толкување на одредбите во иднина – рече Демири.
ДКСК утврди дека наводите од пријавата за сопругата на спикерот Гаши не се потврдени и дека не се утврдени повреди на одредбите од Законот за спречување корупција и судри на интереси поради што нема основ за натамошно постапување. Plusinfo