Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица денеска ќе одбележи 21 година од неговата смрт.
Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата.