Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“.
Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 отсто, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ – Оливер Спасовски најостро ја осуди денешната, како што ја нарече, срамна, навредлива и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, упатена кон пратеничката Славјанка Петровска.
„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.