Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа.
Вчерашниот инцидент во македонското Собранието каде министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство и два сина (видео од изјавата на министерката на следниот линк), доби продолжение со дообјаснување од Петровска и Димитриеска-Кочоска.