Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да си поднесе оставка од функцијата, побара денеска пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Јованка Тренчевска, поради упатените лични напади базирани на семејната состојба на пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собранието.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и дека се фокусира на својата работа.
Пратеничката Славјанка Петровска, запрашана зошто веднаш реагирала за навредите испратени од министерката за финансии, рече дека излегла на собраниската говорница и кажав дека „поставив прашање на кое не добив одговор, а дека не е моето ниво да ги коментирам ваквиот тип на напади и дискриминација“.