Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа наша соработка ќе биде добробит за македонскиот народ, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транпорт, Александар Николоски придружуван од министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, на денешната билатерална средба со својот колега, министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ. Mk