Утрешниот заеднички состанок на двете Влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи, истакна на денешната заедничка прес конференција со унгарскиот шеф на дипломатијата Петар Сирјато министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.
Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.
Синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан, на социјалните мрежи му посака добредојде на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.