Денес заедно, го креваме нашиот глас, затоа што 8 ми март не е само за честитање туку ден на женската храброст, борба и непоколеблив дух, потсетник на вековната битка за права и еднаквост, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од маршот по повод меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Напредно и праведно општество не може да постои ако половина од неговите граѓани се запоставени, обесправени или потиснати.