Трендафилов кој е ставен од СДС да биде претседател на ССМ, го направи синдикатот партиска прес сала, преку која СДС ги злоупотребува синдикатите и шири лоши економски политики, за кои што граѓаните се доста запознаени, бидејќи за малку не бевме банкротирана држава.
Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато.
Поранешниот претседател Живко Митревски вели дека владата и институциите веднаш да престанат да преговараат со Слободан Трендафилов кој нелегитимно се претставува како претседател на ССМ, а Обвинителството да покрене постапка по допрен глас зашто фалсификувал документи, лажно се претставувал како лице за застапување и потпишувал документи за свикување конгрес на кој наводно бил избран Митревски, кој во февруари годинава ја обелодени судската пресуда од Основниот граѓански суд – Скопје по неговото тужбено барање дека е незаконски сменет, тврди дека е се уште претседател на ССМ и бара да биде впишан во Централниот регистар.
ССМ веќе нема кредибилитет, СДС потврдија дека го координираат синдикатот.