И сега, се разбира, јас би можел да продолжам во овој стил и да ја замајувам јавноста со неизмерливите глупости на Пендаровски или Филипче, со коекаквите идиотштини што оваа секта секојдневно ги лиферува, па дури се осмелува да ни укаже дека ние сега „не може ни да сонуваме“ за луксузната храна со „којашто се гоштеваат владините функционери“, зашто во нивното време, во времето на Заев, Ковачевски, Пендаровски, па и Филипче, тие умираа од глад за наше добро, за ние да се гоштеваме со папаја, манго и аспарагус, лососи, ракчиња, октоподи (не историскиот!), краби, бифтек… Кутрите тие, одвај имајќи пари да се прехранат, повторно за наше добро не си ги покачуваа ни платите туку растеа само платите на работниците и пензиите на пензионерите,! Но, шегата настрана, нивниот многурак октопод сериозно остави многулава хидра којашто тероризира низ земјава со сета сила. Plusinfo