Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба за приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јави РТРС, повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата.
Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.