Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата гостуваше во емисијата ,,За или против“ што се емитува на телевизија Алфа и истакна дека ќе продолжат да бараат одговорност од членовите на Судскиот совет преку дебата и интерпелации, нагласувајќи дека независноста на судската власт не значи имунитет од контрола.
Таа исто така ја пофали постапката на пратениците за интерпелации и потсети на неправилностите од страна на претходната власт, при менувањето на позициите. Press24
Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, беше гостинка во емисијата ,,За или против” на телевизија Алфа, каде истакна дека партијата продолжува со напорите за барање одговорност од членовите на Судскиот совет преку дебати и интерпелации. Plusinfo
Митева изрази благодарност до Унгарија за организирање на втората меѓувладина седница во Будимпешта, нагласувајќи ja важноста на соработката помеѓу Македонија и Унгарија во областите како транспорт, образование и земјоделство.
Таа посочи дека потпишаните договори за соработка се основа за градење на односи на доверба и размена на искуства, што ќе имаат позитивен ефект на животниот стандард на граѓаните. Press24