Ова го соопшти Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција откако обвинителката го анализирала решението на судијата на претходна постапка од Кривичен суд, кој одбил да донесе ваква мерка.
„Незадоволно од ваквата одлука во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основен кривичен суд поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото решение“, наведуваат од Обвинителството. Netpress
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј. , а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци. Press24
Ова е победа на правдата, се вели во соопштението од оваа партија.
„Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство. Denesen
Обвинителството бара притвор за сопствеикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски, односно поднесе жалба на решението за куќен притвор до Кривичниот совет. Plusinfo
Јахоски и уште 12 други се осомничени во случајот „Мазут“ за криминал вреден 167 милиони евра.
Апсења и претреси деновиве имаше на повеќе локации во Македонија. Faktor
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја преиначи одлуката за Асмир Јахоски и мерката куќен притвор ја преиначи во ефективен притвор..
Кривичниот суд ја прифати жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против решението на судија на претходна постапка против Јахоски, а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино.. Kanal5