Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Баку се сретна со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на државата, Илхам Алијев, а беше одржан и пленарен состанок на двете делегации.
Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Азербејџан.