Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, со лисици на рацете, придружван од полицајци од полициската станица во Карпош ќе биде превезен во Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.
Како дел од истрагата за пожарот доцна синоќа на информативен разговор во полициската станица Карпош беше донесен и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица.