Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку, како што изјави денеска, навистина има план и желба да помогне.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но дека целиот процес се води селективно.
После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска се очекува на прес-конференција да ги соопшти деталите за лидерската средба што ја побара минатата недела.