Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата Вреди, Арбен Таравари, синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Plusinfo
Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН која ја сочнуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.
„Засега не, и не планираме да излеземе од Владата“, рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со лекувањето на пациентите повредени во пожарот во Кочани. Skopjeinfo
Блокадата на европскиот пат на земјава е најголемата загриженост за мене, вели Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Таравари вели и дека не гледа брзо решение. Libertas