Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Државниот инспекторат за животна середина утврди дека нема цијанид во водата на Крива Река во Крива Паланка, потврди директорката на инспекторатот, Ивана Гиновска на денешната прес конференција.
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска денеска оддржa прес конференција во врска со случувањата во рудникот Тораница, на која извести дека со огромна сериозност се пристапувало кон истиот, иако според неа, поединци излегуваа со неточни и полуточни информации и успеаја да направат збунетост кај населението.
Повторно се докажа дека СДС шири лажни вести и ја манипулира јавноста.