1 (57) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 11-Apr 16:35 -> 13-Apr 22:59
.
.
.
.

ДЕТАЛИ ЗА ИСТРАГАТА: Новите осомничени за пожарот во Пулс се во Кочани, Тошковски и Коцевски денеска ќе соопштат детали

  • Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

  • Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“

  • Коцевски: Актуелниот министер за економија не е опфатен бидејќи нема постапка за нова лиценца

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се очекува денеска на прес-конференција да изнесат повеќе детали во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани, за конкретните мерки што се предлагаат и за својството на секој осомничен во предметот за пожарот во Кочани.

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.

Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција со минитсерот за внатрешни работи информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

2 (15) ■ вести > македонија ■ 11-Apr 07:30 -> 13-Apr 15:42
.
.
.
.

Тошковски: Досега истрага против 45 физички и три правни лица, времето кога беа криви пајакот и кабелот заврши

  • Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (13.04.2025) на заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани во соработка со МВР ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица.

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Повеќе од
оваа категорија

54 (6) ■ спорт ■ 11-Apr 19:55 -> 12-Apr 21:20
.
.
.

Мундијалот остана само сон: Македонија загуби и вторпат од Полска

  • Фуриозниот финиш во Полска ни дава надеж, ракометарките спремни за битка

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22. Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10. Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.

Женската ракометна селекција на Македонија ги изврши последните подготовки за реванш натпреварот против Полска, чиј влог е пласман на Светското првенство.

Повеќе од
оваа категорија

80 (10) ■ бизнис > економија ■ 11-Apr 10:22 -> 11-Apr 13:12
.
.
.
.

Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа

  • СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Е МЕЃУ 10 НАЈДОБРИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Организацијата Скајтракс го истражи мислењето на патниците

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем „Passenger Terminal Expo“ кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.

159 (4) ■ бизнис > македонија ■ 11-Apr 10:55 -> 12-Apr 10:26
.
.
.
.

Бугарите имаат најниска плата во ЕУ

  • ОБЈАВЕНИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Најниската е за 155 евра повисока од македонската

Најниската минимална плата во Европската Унија е забележана во Бугарија во јануари, од 551 евро, а највисоката во Луксембург, од 2.638 евра, е заклучокот од истражувањето што го објави Евростат.

Најниската минимална плата во Европската унија е забележана во јануари во Бугарија и изнесува 551 евро, додека највисоката во Луксембург е 2.638 евра, покажува денеска објавеното истражување на Пониска минимална плата од 1.000 евра, според податоците за јануари, имаат 10 земји од ЕУ. Покрај Бугарија, пониска минимална плати имаат и: Унгарија (707 евра), Летонија (740 евра), Романија (814), Словачка (816), Чешка (826), Естонија (886), Малта (961), Грција (968) и Хрватска која има минимална плат од 970 евра.