Пратеникот Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој, исто така, не го пријавил додека бил министер; два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои, исто така, ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој, исто така, не го навел додека бил министер“, Лидерот на СДСМ, пак, изјави дека неговиот имотен лист е идентичен, односно кога ќе се видел вкупниот имот се работело за иста квадратура, а единствената разлика била во начинот на пријавување.