Civilmedia
Во реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски, која пристигна доцна вечерта, тој се обиде да го дезавуира прашањето на царините изјавувајќи дека ниту една земја во Европа не била подготвена за тоа и никој не се подготвувал претходно, што е дијаметрално спротивно на соопштението од Владата, чиј премиер е самиот Мицкоски, дека владините тимови веќе некое време ги анализирале можните последици и имале подготвен план за надминување на ситуацијата.
Дополнително, во обид да го оправда Трамп, Мицкоски изјави дека и во нашиот царински тарифник за некои групи на производи имаме царини повисоки од 60 проценти и притоа изрази надеж дека, според негов предлог, ќе успее да потпише договор за слободна трговија со САД, отвaрајќи си простор за ново, ако судиме според досегашните, непродуктивно патување во Вашингтон, пишува Драган Мишев во колумната „Тарифите на Трамп: Реакции, неизвесност и скриената агенда“ П. С. Насловот не е резултат на дислексија, само ја доловува какафонијата и дезориентираноста што владее во Владата. Civilmedia