Денеска на 8 април, по повод 116-та годишнина од раѓањето на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески (8 април 1909 година, Прилеп – 3 ноември 1988 година, Скопје), во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, како издание на „Македоника литера“ Книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“ од проф. д-р Јованка Кепеска содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, автор на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби.
По повод роденденот на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески, денеска во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, во издание на „Македоника литера“.