Во ранецот е откриено големо количество на непријавен златен накит од кои некои со парчиња дијаманти и друг скапоцен камен и тоа: 89 парчиња златни прстени со тежина од 599,2 грама во вредност од 203,169 евра, 17 парчиња златни нараквици со вкупна тежина од 215,3 грама и вредност од 55,748 евра, 23 парчиња златни ланчиња од 107 грама со вредност од 39,260 евра, 52 пара златни обетки со тежина од 238 грама во вредност од 97,258 евра, 10 парчиња златни алки со вкупна тежина од 68,3 грама во вредност од 19,300 евра и 18 парчиња златни ланчиња со тежина од 483,3 грама во вредност од 64,820 евра или вкупно 209 парчиња златен накит со вкупна тежина од еден килограм и 711 грама и вкупна вредност од речиси половина милион евра, рече Николовски. Biznisvesti