Притоа, министерот Муцунски ја истакна важноста на регионалната поддршка, која особено се манифестираше по трагедијата во Кочани, упатувајќи искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.
Министерот нагласи дека проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент. Plusinfo
Муцунски потенцира дека средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на дипломатските односи.
На средбата, како што стои во објавата на Фејсбук, била нагласена заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот. Novamakedonija
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.
Средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на заемните дипломатски односи. Press24
Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.
Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлече нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија. Kanal5
Економскиот форум во Делфи, како и секоја година на едно место ќе собере политичари, претставници на влади, академци, истакнати личности од повеќе области, кои ќе дискутираат на низа актуелни теми.
Министерот Муцунски утре попладне ќе учествува на панел за односите меѓу САД и ЕУ. Минатата среда, на прес-конференција во Атина, претседателот и потпретседателот на Делфи форумот, Симеон Цомокос и Јанис Томатис ги презентираа деталите за годишната конференција, како и централните теми на кои ќе се фокусираат дискусиите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина посочија дека и оваа година нема да изостане Балканот, но не само од аспект на проширувањето на Европската Унија, туку и од аспект на енергетиката. Nezavisen
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 10. издание на „Делфи економски форум“, што оваа година се одржува од 9 до 12 април во истоимениот град во Грција.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека во рамки на форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на пленарна сесија на тема „Дали ЕУ–САД алијансата е надвор од поправка?“. Форумот во Делфи, се подвлекува во соопштението, ги обединува политичките, економските, бизнис, академски и други лидери на мислење, со цел заеднички да се адресираат новите предизвици, да се влијае врз националните и регионалните агенди и да се промовираат одржливи и општествено одговорни политики за раст во Европа, поширокиот Источен Медитеран и Грција. Press24
Министерот Муцунски овие два дена учествува на 10. издание на „Делфи економскиот форум“, што оваа година се одржува од 9 до 12 април во градот Делфи во Грција.
На панел-дискусијата на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ , Муцунски рече дека проширувањето на Европската унија на Западен Балкан не е неопходност за Унијата само од економски и трговски причини, туку е неопходност за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент. 360stepeni
Министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски прими делегација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија предводена од координаторот на здруженијата Сотир Лукровски на разговор за проблемите со кои се соочуваат при обидите за влез во Грција со цел посета на нивните корени и вековни огништа. Faktor