Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија, јави дописничката на МИА од Атина. министерска одлука трети земји Грција Нашата земја веќе неколку години е вклучена на грчката листа со „безбедни трети земји“, а новата министерска одлука е издадена со промени и појаснувања што се однесуваат на Турција за одредени категории баратели на меѓународна заштита.
Со заедничка министерска уредба на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Грција ги дефинира Северна Македонија и Албанија како сигурни држави за апликантите за меѓународна заштита кои илегално ја преминале границата од овие земји на грчка територија, објави дописничката на МИА од Атина.