Група вработени во затворот во Штип, членови на синдикалната организација на УПОЗ, денеска реагираа на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, на која обвини дека затворски полицајци му помагале на затвореник да ја најде фрлената дрога во дворот на затворот.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши, но само доколку има казнивост за корумпираните затворски полицајци, кои според негови проценки, во некои затвори се и над 50 проценти.
Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов.
Двајца дошле со кола пред втората од трите капии на штипскиот затвор, фрлиле дрога преку оградата, а затворскиот полицаец не го запишал возилото.