Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) на состанокот одржан вчера го разгледала случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито и донела одлука за негово итно исклучување од партијата.
Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата.
Сто илјади евра барал в.д. директорот на специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина „13 Ноември“, Мухсин Арифи за да хоспитализира пациент за кој знаел дека е имотен.
Директорот на специјализираната болница за геријатрија, Мухсин Арифи барал 100.000 евра мито за себе за да смести болно лице на Клиниката за геријатрија, со која раководел, а кога ќерката на пациентот му кажала дека нема толку пари, Арифи ѝ рекол да го продаде станот од татко ѝ. Според соопштението од Јавното обвиннителство, Арифи се согласил првично да земе 20.000 евра, но ќерката му останала должна до крајната сума.